МЗШВ: Домашното брашно не е сомнително

52

White flour with wheat earsБрашното во Македонија е потполно исправно. Постојано се прават детални анализи на увезените пратки, а производителите не смеат да ја користат увозната пченица без потврда дека таа е проверена и исправна, од страна на акредитираните лабаратории при Агенцијата за храна и ветеринарство и Земјоделскиот инспекторат при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека оваа пракса е воспоставена и се применува под постојан инспекциски надзор, и се почитува од страна на увозниците.

Исто така големите увозници кои имаат свои лаборатории, постојано вршат сопствени анализи за контрола на увезените количини и самите реагираат на неправилности, односно ги враќаат сомнителните количини на пченица.