На аеродромот во Сараево поставени автомати за чекирање на патници

108

kiosk-1

Фото:  Sarajevo airport.ba

Патниците на меѓународниот аеродром во Сараево ќе може својот лет сами да го пријават преку поставените автомати.

“Водени од желбата за постојано зголемување на квалитетот на услугата што ја нудиме, а во рамки со барањата и очекувањата на нашите патници, поставени се два автомати со чија помош патниците можат самостојно да се пријават за летот“, велат од аеродромот во Сараево.

Оваа услуга засега е достапна само за патниците со рачен багаж. Услугата за самостојно пријавување на летот во овој момент е достапна за патници на повеќе авиокомпании.