На акционерите на Apple им пречи преголемата плата на првиот човек на компанијата

201

Од 2011 година, кога беше назначен за прв човек на Apple, Тим Кук ги зголеми дивидендните приноси за 1.000 отсто.

Истите тие акционери денес се вознемирени што платата на извршниот директор лани изнесуваше 99 милиони долари.

Според Би-Би-Си Институционалната служба за акционери (ISS) ги повика акционерите на Apple да гласаат против пакетот за плаќање за Тим Кук. Причините се што Кук само една година претходно добил околу 14 милиони долари, а за новата сума, како што велат, нема „критериуми за успешност“.

Пакетот на Кук се состои од акции, пари и платени трошоци. И она што го загрижува ISS е тоа што вклучува 630.600 долари за лично обезбедување и 712.500 долари за лична употреба на приватен авион.

Според нивните податоци, Кук, кој често изразува загриженост за прашањата за еднаквоста и човековите права, сега има плата 1.447 пати поголема од просечниот вработен во Apple.

Од друга страна, компанијата зад iPhone, iPad и MacBook стана првата компанија која достигна берзанска вредност од 3 трилиони долари во јануари, пред да падне на сегашната вредност од 2,8 трилиони долари.

Apple треба да го одржи годишниот состанок на акционерите во првата недела од март. Сепак, нивните гласови се само советодавни, додека одборот на Apple одлучува за пакетите за плаќање.