На Бахамите уапсен пропаднатиот “крипто крал“

137

Полицијата на Бахамите го уапси Сем Бенкмен-Фрид, основачот на пропаднатата берза за криптовалути FTX, изјави јавниот обвинител на земјата. Тој денеска ќе се појави пред Судот на Бахамите, соопштија властите на оваа карипска земја. Полицијата соопшти дека Банкмен-Фрид е уапсен поради „финансиски прекршоци“ против законите на Соединетите Држави и Бахамите.

Минатиот месец, FTX поднесе барање за банкрот во САД, оставајќи многу корисници неможно да ги повлечат своите средства. Не е јасно колку луѓето кои имаат средства во берзата ќе добијат назад на крајот на стечајната постапка, иако многу експерти предупредија дека тоа би можело да биде мал дел од она што го депонирале.

Сем Бенкмен-Фрид до пред околу еден месец ја носеше титулата „крипто крал“, а неговото богатство, на врвот, беше проценето на неверојатни 26,5 милијарди долари. Го живееше животот од соништата. Со девет негови најблиски пријатели/соработници/љубовници, тој живеел на Бахамите во вила вредна 40 милиони долари, од каде ја водел својата крипто империја и компанијата FTX.