На берзата ќе се продаваат 27 обични акции од ТЕ-ТО АД Скопје преку јавна аукција

Македонската берза денеска објави дека на 26 јуни 2025 година (четврток) ќе се организира јавна берзанска аукција за продажба на голем пакет акции  издадени од ТЕ-ТО АД Скопје.

Продажбата ќе се реализира преку т.н. модел „се или ништо“, што значи дека целиот пакет акции мора да биде купен во целост – не е дозволено раздвојување на поединечни акции.

Ве известуваме дека на 26.06.2026 година (Четврток), на барање на членката Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје) од страна на продавачот Топлификација АД Скопје-во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје што претставува 10,80% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 38.273.474,00 денари по акција преку моделот “се или ништо“.