На чекањето дојде крај – Австралија од денеска повторно прима туристи

Австралија денеска по речиси две години ги отвори границите за вакцинирани патници против коронавирусот од странство.

Целосно вакцинираните патници не одат во карантин, а оние кои не се вакцинирани прво мора да престојуваат во хотел 14 дена на свој трошок. Патниците можат да влезат во сите земји освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март, а за влез во земјата ќе биде потребен доказ за трите добиени вакцини.

„Какви прекрасни, прекрасни вести за нашата туристичка индустрија и 660.000 вработени во неа“, рече министерот за трговија, туризам и инвестиции Ден Техан.

Во 2019 година, Австралија имаше околу 9,5 милиони странски посетители.

Техан рече дека се надева на силно закрепнување во туристичкиот сектор, кој исто така е погоден од домашните забрани за патување.

Строгите рестриктивни мерки во земјата предизвикаа критики за раздвојувањето на семејствата и задушувањето на бизнисите, но тие исто така се заслужни за спречување на повеќе смртни случаи пред да станат достапни вакцините.

Австралија има околу 4.900 смртни случаи од коронавирус.