На чекор до среќата

19

boicki

Фото: Pixabay

Сето она што можеби сте го знаеле, а не сте го практикувале – сега е време да го отворите умот и да ги направите потребните промени… зошто среќата е на чекор до вас.

Најдобрите луѓе кои ги познаваме се оние што преживеале пораз, знаат што е страдање, борба, доживеале загуба, оние кои го пронашле патот надвор од длабочините. Најдобрите луѓе не постојат туку така.

Мислењето што другите луѓе го имаат за вас е нивен проблем, не ваш.

Во секој од нас има божествен потенцијал што ги надминува сите очекувања. Тоа се крие во давањето без возврат, во слушањето без предрасуди и во безусловната љубов.

Кога вистински ќе сфатиме дека нашето време на Земјата е ограничено и дека не можеме да знаеме уште колку ни останува, тогаш ќе почнеме да го живееме секој ден како да ни е последен.

Во животот сè се случува со причина, не постојат грешки, ниту случајности, сите случувања се искуства од кои треба да научиме нешто.

Постојат само две емоции: љубов и страв. Сите позитивни чувства доаѓаат од љубовта, а негативните од стравот. Љубовта е причина за среќа, задоволство, мир и радост. Стравот раѓа гнев, омраза и вина.

Затоа…

Потрудете се во текот на денот да насмеете барем три личности.

Одберете место што ќе ви се допадне и неколку минути уживајте во тишината. Заборавете на сè.

Не сфаќајте се себе си премногу сериозно и онака никој не ве доживува така.

Животот е премногу краток за да губите време мразејќи некого. Ослободете се од тие чувства.

Никој освен вас не е одговорен за вашата среќа.

Негувајте го здравјето, бидете активни барем половина час дневно.

Вашата работа нема да се грижи за вас кога ќе бидете болни, пријателите ќе го направат тоа. Затоа не ги заборавајте.

Заборавете ги грешките од минатото, не ги потсетувајте вашите сакани на расправиите што поминале.

Не го споредувајте вашиот живот со нечиј туѓ. Не знаете какво е нивното патување.