На Дејан Георгиевски и на неговиот тренер ќе им биде доделена парична награда во вкупен износ од 2,4 милиони денари

101

Владата на Република Северна Македонија на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио, кој се закити со сребрен медал во дисциплината теквондо, Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски да му бидат доделени 600.000 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.