На Европската унија ѝ требаат повеќе пари

Александар де Кру, премиер на Белгија, кој претседава со Европската унија, верува дека на унијата ѝ требаат повеќе пари.

Повикот за повеќе пари дојде во моментот на ревизија на буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година. Земјите-членки претходно се спротивставија на барањето на Европската комисија за 66 милијарди евра дополнителни пари за покривање на непредвидени трошоци, како што е цената на долгот настанат за време на пандемијата на коронавирус.

Откако Де Кру изјави дека на Унијата и се потребни повеќе пари, се претпоставува дека ќе следуваат зголемувања на даноците. Либералниот премиер на Белгија одби да прецизира како ќе се обезбедат парите.

„Ако сакаме добра дискусија, не сакам да ја коментирам“, рече тој во интервју за надворешнополитичкиот магазин „Политико“.

Главно земјите-членки од источниот дел на континентот се против трансферот на даночните приходи во Брисел. Холандија и нордиските земји постојано бараа намалување на буџетот на ЕУ.