На фарма во БиХ кравите спијат на удобни прекривки и слушаат класична музика и севдалинки

445

"Hotel za krave" u Prijedoru: Krave se u štalama opuštaju uz Betovena, Mocarta i sevdalinke

Јусуф Арифагиќ од Приедор во Босна и Херцеговина, во време кога земјата ретко може да се слушне за некоја позитивна и успешна приказна, е пример за тоа.

Тој е сопственик на фарма за норвешки крави кои се чуваат не само во врвни хигиенски услови, туку и во необичен и модерен стил. Кравите спијат на удобни прекривки, одат по сунѓери од латекс, слушаат класична музика и севдалинки. Во шталата се поставени вентилатори, модерен систем за осветлување, а кравите редовно се капат. Секоја крава има свој пасош, како и целосна документација во која се наведени нејзините родители, ќерка, син, баба, дедо…

farma

Арифагиќ вели дека неговата фарма е прва од таков вид во југоисточна Европа.

Фармата е карактеристичка по тоа што се обезбедени максимални услови кога е во прашање амбиентот во кој живеат кравите, од здравствени до хигиенски услови, контрола на квалитет на воздухот и количината на светлината. Поради тоа, често пати луѓето фармата ја нарекуваат хотел за крави.

“Кравите спијат на сунѓери од латекс, се движат по специјален гумен под. Во секој момент метеоролошките станици ја мерат количината и квалитетот на воздух во шталата. Во секој момент знаеме колкав е процентот на кислород, температурата“, појаснува Арифагиќ, пишува Независне новине.

farma 12

Штом температурата надмине 20 степени, во истиот момент се активираат вентилаторите што се поставени во шталата.

“Бројот на интервенции на ветеринарите се далеку помали во однос на останатите раси на крави. Во шталата имаме и звучници, специјално увезени од Велика Британија. Тие чинат околу 15.000 евра, а од нив секое утро, пред да се измолзат кравите, им се пушта класина музика, а во последно време им пуштаме и севдалинки“, додава тој.

arifagik