Фејсбук призна дека минатата година на овој сервис од преку една милијарда корисници, лажни профили отвориле 76 милиони. Во оваа бројка се вклучени двојни профили, погрешно класифицирани и несакани профили, како и оние каде што корисниците намерно се идентификуваат под туѓо име. Според тврдењата на сервисот, само 7% од корисниците има такви профили.
Спамерите, пак, според статистиките на Фејсбук, имаат само 9,5 милиони акаунти, односно помалку од 1% од сите профили на сервисот.
Користењето на лажни имиња и податоци е спротивно на политиката на компанијата и затоа Фејсбук ги поттикнува своите корисници да ги пријават оние за кои се сомневаат дека го прават тоа.