На Германија ѝ недостасуваат околу еден милион станови

Кириите во Германија продолжуваат да растат поради недостиг на станови, а на земјата ѝ недостасуваат околу еден милион станови за да ја одржи понудата во рамнотежа со побарувачката, според податоците објавени од Здружението на германски банки за финансирање хипотеки (VDP).

Новите кирии во станбени згради се зголемија во вториот квартал од 2026 година за 3,2 проценти на годишно ниво, со малку побавно темпо во споредба со претходните квартали, објавува Wirschaftsvohe.

Забавувањето е особено забележливо во најголемите германски градови, каде што новите кирии се зголемија во просек за 1,5 проценти.

Највисок раст е забележан во Дизелдорф, од 3,6 проценти, додека во Берлин кириите речиси стагнираа, со раст од само 0,6 проценти.

Растот на цените не е ограничен само на пазарот за изнајмување.

Становите и куќите во Германија пораснаа по цена за 1,9 проценти на годишно ниво, односно за 0,3 проценти во споредба со првиот квартал од 2026 година.

Во седумте најголеми градови во Германија, цените на станбените кредити пораснаа со уште побрзо темпо, во просек за 2,1 процент на годишно ниво.

Највисоко зголемување на цените на недвижностите меѓу големите градови е забележано во Хамбург од 3,8 проценти на годишно ниво, по што следуваат Келн со 2,5 проценти, додека Франкфурт и Дизелдорф забележаа раст од 2,4 проценти.

Во Берлин, цените се зголемија за 1,6 проценти, а во Штутгарт за само 0,7 проценти.

Податоците на здружението VDP се базираат на склучени договори пријавени од повеќе од 700 банки во Германија.