На Германија и требаат стотици илјади работници – најбарани се со завршено стручно средно образование

68

Речиси 34 милиони луѓе во Германија се во редовен работен однос. Тоа е нов рекорд. Но, во исто време, бројот на слободни работни места продолжува да расте.

Голем број од работниците одат во пензија, а поради негативниот демографски развој се намалува бројот на нови работници. Сè повеќе компании се жалат на недостиг на квалификувана работна сила. За германската економија ова стана еден од најголемите деловни ризици, пишува Дојче веле.

Последната анкета на јавното мислење нарачана од фондацијата Бертелсман покажува колку е сериозна ситуацијата. Од 7.500 анкетирани претприемачи, 66 отсто рекле дека не можат да најдат доволно квалификувани работници. Минатата година, 55 отсто рекле дека сметаат на проблеми при пополнување на нивните работни места.

Ситуацијата не е иста во сите индустрии, региони, занимања и квалификации. Ако компаниите кои имаат недостиг на работна сила се прашуваат што точно им недостига, речиси секоја втора наведува лица со завршено средно стручно образование.

Во секоја четврта компанија има недостиг од академски образовани луѓе. Со оглед на индустријата, недостигот на квалификувана работна сила особено влијае на грижата за старите и изнемоштените и здравствената заштита.

– Факт е: во Германија исчезнува работната сила – предупреди во август Детлеф Шеле, претседател на одборот на директори на Федералната агенција за труд, пишува Дојче веле.

Од грижа за лица преку одржување на климата до логистика и универзитетско образование. Секаде ќе недостига квалификувана работна сила“,рече Шеле.

Според него, Германија има потреба од 400.000 доселеници годишно за да ги задоволи потребите на пазарот на трудот.

Но, во пракса, досега, имиграцијата на странска работна сила одигра мала улога. Само 16 отсто од испитаниците од студијата Бертелсман изјавиле дека бараат работна сила во странство. Повеќето се обидуваат да привлечат домашни работници.

Од 1 март 2020 година, во Германија е на сила закон кој треба да го олесни доаѓањето на квалификувана работна сила од земји кои не се членки на Европската унија. И покрај ова, многу претприемачи не сакаат да бараат работници во странство. Причините се различни. Основната причина што ја наведуваат компаниите е стравот од потешкотии во комуникацијата и проблемот со оценување на квалификациите на работниците со странска потврда.

Слични се одговорите на оние фирми кои веќе ангажирале странски работници. Ова покажува дека некои стравови не се многу неоправдани, на пример кога станува збор за комуникација со странци. Од друга страна, бирократските пречки во пракса се очигледно помал проблем отколку што изгледа на прв поглед.

Фондацијата Бертелсман претпоставува дека политичките напори за доселување на квалификувана работна сила вродиле со плод. Примери се забрзаните бирократски процедури, стимулации за учење германски јазик и подобра понуда на информации за признавање на странските квалификации.

67 отсто од учесниците во студијата претпоставуваат дека во наредните години ќе имаат помалку квалификувана работна сила отколку што им е потребно.

„Недостигот на квалификувана работна сила е сè поголем проблем, а решение не е на повидок. Ние како општество треба да имаме одржливи решенија за да се справиме со демографските промени и социо-еколошката трансформација“,смета Маер, пишува Дојче веле.