На Германија ѝ недостасуваат околу 800.000 станови

27

Минатата година во Германија беа завршени околу 295.000 станови. Тоа значи дека имало нешто помалку нови станови од пред една година, дознава „ДПА“  од упатени извори.

Владата си постави цел да гради 400.000 станови годишно.

Од Министерството за градежништво посочуваат дека Федералниот завод за статистика ќе ги објави официјалните податоци дури следниот четврток.

„Доколку се потврдат бројките од медиумските извештаи, тие ќе укажат на силни резултати на градежната индустрија, дека индустријата минува низ кризата стабилно, без губење на работни места“, рече портпаролот на Министерството.

Градежните проекти во последните две години значително поскапеа поради наглиот пораст на каматите за кредити, како и поради трошоците за изградба.

Индустријата се жали на немање нови работни места и откажување на веќе договорени работни места.

Студијата на градежниот истражувачки институт Арге покажува дека на Германија сега и недостигаат околу 800.000 станови – пред се достапни, пренесува „Сеебиз“.