На германските автопатишта ќе се произведува струја

450

Автопатите може да се користат за производство на електрична енергија со помош на соларни панели.

Наскоро ќе започне реализацијата на пилот-проектот во кој дел од автопатот во Германија ќе биде покриен со фотоволтаични модули.

Темелите на конструкцијата ќе бидат поставени пред крајот на оваа година, а челичната конструкција, која вклучува фотоволтаични елементи, треба да биде поставена во првиот и вториот квартал на 2023 година, објави Autobahn GmbH.

Првиот сегмент ќе биде со димензии 10 × 17 m и ќе биде издигнат околу 5,5 m над коловозот. Структурата ќе биде изградена на дел од патот и просторот за одмор во близина на градот Зинген во покраината Баден-Виртемберг.

Пилот-проектот ќе се тестира повеќе од една година, при што ќе се вршат различни мерења, објави Autobahn GmbH. Потоа ќе се анализираат можностите за континуирано функционирање на ваквите специјални објекти.

Слично размислуваат и во Швајцарија, каде владата испитува кои делови од автопатот се погодни за покривање со соларни панели. Теоретски, прифатливи се сите правци кои не минуваат низ тунели.