На ИПАРД повикот во јуни се очекуваат најмалку 1000 апликации

56

18-10-2012-StocarstvoНајновите измени во Програмата што изминатиов период земјоделците имаа можност да ги слушнат од надлежните, се очекува со секој следен повик да повлечеат по околу 1000 апликации за ИПАРД средствата.

Дел од понудените измени се купување најсовремена механизација, изградба, не само реновирање на пластеници и оранжерии, обновување на млекарници, фарми, преработувачки капацитети во месната индустрија, како и изградба, не само реновирање објекти за рурален туризам.

Границата за аплицирање е намалена што овозможува ИПАРД барања да поднесуваат и поситните земјоделци, но зголемена е и сумата за поголемите проекти, а ќе може да конкурираат и малите и средните претпријатија.

“Можностите се сега многу поголеми. За оние кои сакаат да изградат нови оранжерии границата на дозволени трошоци е подигната на повеќе од 2 милиона евра. Ќе може да се користат и средства за изградба на нови објекти во руралните средини со капацитет до 30 соби и 70 легла во насока на развој на туризмот и нови вработувања за што сметаме дека ќе има голем интерес. Оттука, очекуваме на наредните огласи да се јават поголем број апликанти и искористеноста на средстата да биде многу поголема”, истакна Коњановски по средбата со претставниците на

Сојузот на стопанските комори, велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во секторите млеко и млечни производи и месо и месни производи намалени се минималните граници од 15.000 евра на 10.000 евра, а зголемени се максималните, од 800.000 евра на 3.000.000 евра.

Максималната граница се подигнува до 2.300.000 евра за проектите поврзани со изградба/обновување и модернизација на пластеници (со исклучок на тунелски фолии)  и стакленици или до 1.700.000 евра за проектите поврзани со изградба/реконструкција на објектите за одгледување свињи во тов и за воспоставување нови живинарски капацитети за одгледување бројлери и модернизација на постоечките.

Во делот лозарство, овоштарство и зеленчук, како прифатливи инвестиции се додаваат опрема за берба и пост-бербени активности, земјоделска механизација и приклучна опрема, промена или пренамена на насади/сорти/производство.

На Македонија и остануваат неколку десетици милиони евра од ИПАРД периодот 2012/13 година, како и сумата од изминатиот која се префрла со одредени правила на ЕУ. Можно е дел да бидат загубени, но во тек е креирањето на ИПАРД 2 каде интерактивно се работи на мерките и начинот на аплицирање.

Имплементацијата на ИПАРД измените ќе стартува со следниот јавен повик што треба да биде објавен во јуни годинава.