На Кинезите им се забранува да јадат диви животни

55

Властите во Кина забрануваат консумирање и илегална трговија со диви животни, бидејќи некои експерти сметаат дека тоа е извор на корона вирусот, пренесува CNN.

Целта на оваа одлука е “зачувување на јавното здравје и еколошка сигурност“.

Употребата на диви животни за научни истражувања, медицински и други цели сега ќе мора да помине низ построги контроли од страна на надлежни тела и да бидат во согласност со соодветните прописи.

Пазарот на диви животни во Кина се проценува на 74 милијарди долари, според податоци од 2017-та година, кога во тој сектор биле вработени 14 милиони луѓе.

Фото: Pexels