На луѓето веќе им е преку глава од лоши вести

43

Изморени од депресивните наслови, застрашувачки статистики и големата несигурност и страв што со себе ги носи пандемијата на Ковид-19, многу луѓе во светот се обидуваат да го подобрат своето расположение барајќи добри вести, пишува New Straits Times.

Страниците специјализирани за оптимистички вести бележат голем пораст на посети. На Google за пет пат е зголемено пребарувањето на поимот “добри вести“.

Интернет порталот The Good News Network, основан на крајот на минатиот век, го зголеми бројот на посети и сега има над 10 милиони посетители.

“Луѓето ни испраќаат линкови за позитивни работи што се случуваат во нивна близина и затоа има многу добри вести што може да се споделат“, вели Гери Вајс Корблеј, основал и уредник на The Good News Network.

И други познати медиуми, како што се The Guardian, Huffington Post и Yahoo имаат страници посветени на добри вести. Медиумската мрежа CNN минатата година ја отвори The Good Stuff, а од минатиот месец има над 50% повеќе претплатници.

Огромен е бројот на луѓе кои се веќе изморени поради константниот прилив на депресивни вести за здравствената криза. Па, од таа причина бараат спас во читањето добри вести.

Фото: Pixabay