На некои им одговара енергетската криза: Во март заработија 11 милијарди долари од извоз на нафта

79

Ирак во март извезол нафта во вредност од 11,07 милијарди долари, што е најмногу во последните 50 години, соопшти ирачкото Министерство за нафта.

Ирак извезол „100.563.999 барели во вредност од 11,07 милијарди долари (10,02 милијарди евра), што е највисок приход од 1972 година“, се вели во соопштението на Министерството.

Цената на суровата нафта порасна по избувнувањето на војната во Украина, а во петокот вечерта барелот достигна цена од околу 100 долари.

Ирак остварува околу 90 отсто од приходите од продажба на нафта.

Цените на нафтата паднаа на 104 долари на меѓународните пазари во петокот, под влијание на најавата на САД дека ќе пласираат 180 милиони барели резерви и загриженоста за кинеската побарувачка.