На овие земји извозот на кафе им носи по неколку милијарди долари

60

Извозот на кафе во светот минатата година достигна вредност од 30 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Бразил е лидер во светот со реализирани 15% од вкупниот извоз на кафе во светот, од којшто лани инкасираше 4,6 милијарди долари. Податоците покажуваат дека, освен Бразил, уште седум земји од извоз на кафе заработија над милијарда долари: Колумбија (2,6 милијарди долари), Швајцарија (2,5 милијарди долари), Виетнам (2,4 милијарди долари), Германија (2,3 милијарди долари), Италија (1,7 милијарди долари), Франција (1,2 милијарди долари) и Хондурас (1,1 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Бугарија, којашто е на 35-то место со извоз на кафе во висина од 86 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (67,3 милиони долари), Грција (20,6 милиони долари), Хрватска (16,5 милиони долари), Србија (7,7 милиони долари) и Босна и Херцеговина (5,7 милиони долари).

Македонија е 97-ма во светски рамки со извоз на кафе во вредност од нешто над два милиони долари.

Фото: Pixabay