На патниците од ЕУ ќе им треба пасош за влез во Велика Британија

34

Владата на Велика Британија објави дека на патниците од земјите членки на Европската унија, од следната година за влез во земјата повторно ќе им биде потребен пасош, пренесуваат тамошните медиуми.

На граѓаните на ЕУ за влез во Велика Британија, наместо лична карта што и понатаму ќе важи меѓу преостанатите земји членки, од октомври 2021 година повторно ќе им биде потребен пасош.

Новото правило, исто така, ќе се однесува и за патници од Швајцарија, Исланд, Норвешка и Лихтенштајн.

Британската влада ја донесе оваа одлука по тврдењата дека личните карти се помалку безбедни.

Оваа земја официјално ја напушти Унијата на крајот на јануари и во моментот се наоѓа во преоден период што ќе трае до крајот на годината.

Фото: Pixabay