На плажите во Анталија чадори за сонце ќе произведуваат струја

86

Компанијата CW Enerji Mühendislik Ticaret ve Sanayi Inc. создаде систем што може да произведува електрична енергија благодарение на соларните панели вградени во чадори на плажа за да помогне во задоволување на потребите за електрична енергија на туристите, пишува турскиот весник Daily Sabah.

Забележувајќи дека луѓето почнаа да имаат потреба од повеќе електрична енергија поради широко распространетата употреба на уреди како што се мобилни телефони и таблети, од компанијата велат дека туристите на плажа често им се трошат батериите. Затоа тие развија систем за производство на електрична енергија преку соларни панели, со цел да го користат сонцето и чадорите за сонце на плажите во Анталија.

“Создадовме енергетски систем од околу 200 вати. Ова овозможува полнење на два мобилни телефони истовремено или на лаптоп цел ден“, изјави директорот на компанијата.

Масовното производство на чадори веќе е во тек и за нив особено се интересираат луксузни хотели.

Фото: Pixabay