На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени

71

На посиромашните земји до 2030 година им требаат трилион долари годишно за да се борат со последиците од климатските промени, се вели во студијата објавена денеска од група водечки економисти од организацијата IHLEG.

Резултатите од студијата, која беше претставена во Баку на самитот COP29, сугерираат дека не треба да чекаме до 2035 година, кога се очекува богатите земји да се согласат да ги распределат овие средства, пишува Гардијан.

Економистот Николас Стерн, еден од авторите на студијата, вели дека трошоците ќе се зголемат доколку побогатите земји не сакаат да платат, па оваа бројка може да се искачи на 1,3 трилиони долари годишно до 2035 година.