Компанија без шеф

64

Американска компанија Morning Star целосно применува принципи на самоуправување.

“Организацијата е само една апстрактна идеја. Луѓето како индивидуи се единствената објективна реалност и клучен фактор. Идејата не може да се посвети на нешто, ниту да преземе одговорност за дадено дејство, ама луѓето можат.”

Овие зборови на Крис Руфер, основачот на компанијата Morning Star, ја објаснуваат целокупната визија за управување со еден од најголемите производители на кечап.

Morning Star е компанија во која зборот хиерархија го губи своето значење, а на потег е самоуправањето. Секој вработен  е одговорен за својата функција и носи целосна одговорност за својата работа и онаа на тимот во кој учествува. Обврските на работниците се дефинираат преку преговори меѓу нив самите. Платата на секој вработен ја определуваат неговите колеги.
За да биде овој модел успешен, компанијата има развиено неколку инструменти. Секој нововработен службеник поднесува писмен план за тоа која е неговата мисија. Потоа овој план се разглеува и се дискутира се додека не се постигне консензус за клучните точки.

Компанија започнува со работа во 1970 година со еден камион, а денес преработува 630 тони домати на час.