На САД им се заканува технички банкрот

34

Лидерот на републиканците Кевин Мекарти изјави во вторникот дека не е постигнат договор на средбата со претседателот Џо Бајден за јавниот долг на САД.

„Нема напредок“, изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со демократскиот претседател и лидерите на Конгресот, пренесува агенцијата Индекс.хр.

Партиите треба повторно да се сретнат во петок за да разговараат за чувствителното прашање, додаде тој.

Демократите и републиканците не успеваат да се договорат за зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, што е неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите вработени и доверителите.

„Неплаќањето на финансиските обврски не е опција“
По напуштањето на состанокот, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го обвини Кевин Мекарти дека го држи плафонот на долгот „заложник“, со што гласањето за подигање на плафонот на долгот е условено со намалување на трошоците.

Американскиот претседател во вторникот повтори дека неплаќањето на американските финансиски обврски „не е опција“, по состанокот со конгресните водачи за ова прашање.