На што најмногу трошиме интернет?

31

Интернетот се покажа како исклучително корисна дигитална алатка во време на пандемија, особено поради можноста да се седи дома и да се работи на далечина, како и постојано да се следи ситуацијата, препораките од надлежните, совети за заштита, но и безброј други придобивки за корисно поминато време пред екранот на компјутерот, телефонот или телевизорот.

Во текот на минатата година, 87% од жителите на Европската унија, на возраст од 16 до 74 години, изјавиле дека користеле интернет во последните три месец. Овој процент варира меѓу земјите членки и се движи од 70% во Бугарија до 99% во Данска.

На ниво на Унијата, интернет најмногу се користел за испраќање и примање електронска пошта (74%), наоѓање информации за добра и услуги (69%), за испраќање и примање кратки пораки (68%), онлајн вести (65%) и аудио и видео повици (60%).

Освен тоа, голем процент (57%) од жителите на ЕУ ги користат услугите за електронско банкарство, за слушање музика на интернет (56%), за учество во социјални мрежи (56%) и пребарување информации за здравјето (55%).

Според Eurostat, Македонците трошат најмногу на интернет за допишување на skype, viber, messenger…, како и за креирање различни содржини на веб страници (70%). Потоа следат 68% за социјални мрежи, 65% за аудио и видео повици, 54% за онлајн вести, 53% за пребарување информации и 45% пребарување информации поврзани со здравјето.

Само 15% од корисниците ги користат услугите на интернет банкарството, , 10% пребаруваат материјали за учење, 9% бараат работа, 6% посетуваат онлајн курсеви и 5% продаваат преку интернет.

Фото: Freepik