На Турците им процвета бизнисот по смртта на кралицата

32

Турските цвеќари сега користат товарни авиони наместо камиони за да испратат што е можно повеќе цвеќиња во Обединетото Кралство.

Имено, таму се соочуваат со зголемена побарувачка по смртта на кралицата Елизабета Втора, пренесува Ројтерс.

Нарачките за  цвеќе се зголемија за 90 отсто откако умре кралицата, рече Селчук Челеби, член на стоковната берза во Анталија, додавајќи дека турските цвеќари можеле да задоволат само околу 40 отсто од побарувачката.

„Во Анталија е крај на сезоната. Се наоѓаме во период кога производството во планинските области опаѓа“, изјави Челеби за Ројтерс.

Зголемувањето на побарувачката ги натера цвеќарите да ангажираат авиони за нивните испораки во Британија, кои трае еден ден, во споредба со една недела што ја земаат со камиони, рече Челеби.

Туркиш Карго, подружница на Туркиш ерлајнс, објави дека почнала да испорачува повеќе од 500.000 цвеќиња, тешки околу 13 тони, во Англија.

Туркиш Карго од почетокот на неделата до Лондон испорача околу четири тони цвеќе“, се наведува во соопштението.

Во периодот од 5 до 12 септември официјалните податоци покажуваат дека извозот на цвеќе од Турција во Англија е зголемен за 40 отсто во однос на минатата година, наведува Ројтерс.