На Украина ѝ се потребни 3 милијарди долари странска помош месечно

68

Потребите за надворешно финансирање на Украина ќе бидат околу 3,0 милијарди долари месечно во најдобар случај во 2023 година.

Тие потреби би можеле да се зголемат до 5,0 милијарди ако руското бомбардирање стане „уште подраматично“, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

ММФ работи со украинските власти за да им помогне да ја дефинираат и спроведат макроекономската политика и она што е потребно за да стане членка на Европската унија, како и веродостојни проценки за финансиската празнина, рече Георгиева  на конференција во Берлин, пренесува Ројтерс.