На увоз на лап топ компјутери лани сме потрошиле 32,6 милиони долари

81

Македонија е 86-та земја во светот по увоз на лап топ компјутери, чија вредност минатата година достигна 32.667.000 долари или 41,6% повеќе одошто во 2019 година.

На глобално ниво, увозот на лап топ компјутери беше 175,1 милијарда долари во 2020 година, што е за 43,4% повеќе во однос на 2016 година.

Најголем увозник на лап топ компјутери се САД со 51,6 милијарди долари или 26,2% повеќе во однос на 2019 година. Меѓу петте најголеми увозници се и: Германија (13,6 милијарди долари), Јапонија (11,3 милијарди долари), Велика Британија (девет милијарди долари) и Холандија (6,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем увозник на лап топ компјутери лани беше Грција со 682,5 милиони долари. Потоа следат: Бугарија (198,6 милиони долари), Хрватска (149,7 милиони долари), Словенија (116,2 милиони долари), Србија (77 милиони долари) и Босна и Херцеговина (24,7 милиони долари).

Фото: Pexels