На увоз на млеко лани сме потрошиле над 26 милиони долари

105

Македонија е 96-та земја во светот по увоз на млеко што во 2020 година достигна 26.188.000 долари. Тоа е за 70,3% зголемување во споредба со 2016-та година.

На глобално ниво, увозот на млеко лани изнесуваше 30 милијарди долари, што е 1,2% помалку во споредба со 2019 година.

Кина е најголем увозник на млеко во светски рамки со 4,6 милијарди долари, што е за 115,4% повеќе одошто во 2016 година. Според податоците на World’s top exports, петте најголеми увозници на млеко во светот лани беа: Австралија (246,4 милиони долари), Нигерија (772,5 милиони долари), Литванија (217,6 милиони долари) и Данска (149,2 милиони долари).

Грција од земјите во регионот е најголем увозник со 274,3 милиони долари. Потоа следат: Хрватска (108,5 милиони долари), Бугарија (90,8 милиони долари), Словенија (40,2 милиони долари) и Србија (38,6 милиони долари).

Фото: Pexels