На валутните пазари вредноста на доларот се намали

52

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата недела порасна за речиси еден отсто и го достигна највисокото ниво во изминатите 16 месеци.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,02 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 95,11 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 113,90 на 113,85 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, така што цената на еврото достигна 1,1455 долари, додека во петокот на затворањето на пазарот беше 1,1445 долари.