На вистинско место во вистинско време: Индустрии на кои короната позитивно влијаеше

14

Неодамнешната студија на Invezz открива 11 индустрии кои биле најпозитивно погодени од Ковид-19. Во време на економска криза на некои индустрии бизнисот им процвета. На списокот се наоѓаат следниве индустрии:

  1. Книги
  2. Кафе за домашна употреба
  3. Онлајн спортски игри и гејминг
  4. Опрема за вежбање во домашни услови
  5. Луксузни маски за лице
  6. Опрема за градина
  7. Средства за миење раце
  8. Онлајн купување на намирници
  9. Онлајн пораки и видео конференции
  10. Забавни онлајн сервиси
  11. Излети

“Некои компании се најдоа во вистинско време на вистинско место“, вели  Дејвид Мери од Invezz и додава дека агилните компании ќе пронајдат начин да го преживеат и вториот бран од коронавирусот ако го има.

Фото: Pixabay