На Златибор се отвора Дино парк со 24 реплики на диносауруси

281

dino

Во паркот Чигота на Златибор, на 29 јуни ќе биде отворен најголемиот забавно авантуристички парк во Србија, пишува eKapija.

Дино парк Златибор на посетителите ќе им понуди широк спектар на едукативни, културни и забавни содржини. Во него се поставени 24 реплики на диносауруси од ерата на мезозоикот, кои ќе бидат заштитен знак на паркот.

dino2

Вештачки карпи, билјард, пикадо, пејнтбол, детско игралиште Дино парк, мини голф, ископување на скелети од диносауруси, кино, картинг патека, бини за претстави, кафетерии и ресторани се дел од содржините на забавниот парк. Мини зоолошка градина со разни животни, меѓу кои и пони за јавање, исто така се дел од паркот.

d3

Фото: Дино парк