Набрзинка

22

gleda-vo-saat-pexels

Фото: Pexels

Ајде… Сега… Веднаш!! Нестрпливи сме! Сакаме да се случуваат работите сега и веднаш.

Но, не иде тоа баш така.

Да, може нешто да се случи набрзинка само ако претходно убаво сте испланирале, во спротивно, набрзинка се прават само проблеми, ништо друго.

Живееме во брзо време и тоа многу влијае врз сите нас. Секојдневно се соочуваме со информации за тоа како може да се ослабе за три дена, како може да се збогатиш за седум дена итн. итн.

И сите сме свесни дека да беше така, тогаш сите ќе бевме она што сакаме или посакуваме да бидеме. Но за да биде нешто така, потребна е:

– истрајност

– конзистентност

– фокусираност

– време

Едно да е јасно: Ништо нема набрзинка! За сè треба време.