Начинот на кој седите може да ви го скрати или продолжи животот

Ако работата ве “врзува“ за канцеларија и повеќе од осум часа поминувате седнати пред компјутер, имајте предвид дека начинот на којшто седите влијае на вашето здравје.

Бројни истражувања покажуваат дека луѓето кои седат подолго време, а им е неудобно, имаат поголем ризик од смрт одошто луѓе кои извршуваат физичка активности. Исто така, податоците говорат дека (не)удобната столица може да чини и до 10 години од човечкиот живот.

Затоа, особено е важно да изберете удобна столица, во којашто седењето ќе ви биде удобно. Ергономскиот облик што се прилагодува на телото е најсоодветен за долготрајно седење, но во исто време таквата столица треба да ви го обезбеди и комфорот додека ги извршувате секојдневните задачи.

Иако понекогаш заборавате да станете од столицата, бидејќи бирото ви е преполно со документи за средување, сепак навикнете се барем на половина час малку да се раздвижите. Направете си потсетник што ќе ве потсетува дека е време да одите по чаша вода, малку на свеж воздух на тераса, појадок…

Неудобното седење, исто така, има големо влијание и врз продуктивноста. Па така, ако имате столица што е премногу тврда или искривена, ќе почувствувате болки во грбот, што ќе ви го одвлекува вниманието и нема да може да се фокусирате на обврските.

Важно е да имате и столица што ќе обезбеди солидна потпора на грбот. Ако сте подгрбавени, во комбинација со слаби стомачни мускули, може да дојде до големи деформитети на ‘рбетот. Затоа, секогаш исправајте го грбот додека седите, а најдобро е столицата да ви ја понуди неопходната поддршка.

Потребно е, освен столицата, да ви биде удобно наместено и работното биро, а компјутерот и потребните алатки да ви бидат при рака и на соодветно растојание.

Не заборавајте дека е неопходно кога седите, подот да го допирате со цело стапало.