Национализирана Bank Asya во Турција

20

bank asya

Турските власти ја национализираа Bank Asya, којашто сега е под контрола на тамошните власти, пишува Wall Street Journal.

Национализацијата на оваа банка ја најави турската агенција за регулација и супервизија на банкарскиот систем. Владата на Турција го повлече овој потег неколку дена пред критичните парламентарни избори. Оваа банка за 18 месеци загуби половина од својот имот поради политичките напади, што предизвикаа масовно повлекување на финансиските средства.

Bank Аsya сега е во сопственост на Државниот фонд за обезбедување на штедни влогови, којшто има директна одговорност пред претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Bank Аsya настојуваше да го зголеми пазарниот удел на овој вид на банки, коишто се водат по поинакви начела од вообичаено. Странски инвеститори имаа околу една третина од 54% акции на банката, што имаа можност за тргување на секундарниот пазар.