Над 1.500 граѓани инвестираа 2 милијарди денари во новата граѓанска обврзница

Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) ја регистрираше третата по ред граѓанска обврзница.

Според податоците од Депозитарот, на 19 декември во системот е внесена новата емисија со ознака ознака ДО2025/27-1227 и ISIN број MKMINF20GCP4, во која вкупно 1.511 граѓани вложија свои средства. Новата граѓанска обврзница е со вкупна вредност од 2,03 милијарди денари.

Нова граѓанска обврзница – уште една можност за граѓаните да инвестираат во домашни хартии од вредност На 19.12.2025 година, во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје е регистрирана третата граѓанска обврзница со ознака ДО2025/27-1227 и ISIN број MKMINF20GCP4.

🔹 Вкупен износ: 2,03 милијарди денари

🔹 Број на иматели: 1.511 граѓани

🔹 Каматна стапка: 4,5% годишно

🔹 Исплата на камата: 19.12.2026 и 19.12.2027

🔹 Исплата на главница: 19.12.2027

📬 До сите иматели ќе биде испратен извод од сметка за хартии од вредност по пошта, во рок од пет работни дена од регистрацијата.

Граѓанските обврзници се едноставен и безбеден начин за штедење и инвестирање, со јасно дефинирани услови и сигурна исплата,  исткнуваат од ЦДХВ.