Над 10.000 лица од целиот свет сакаат да бидат мета за paintball

47

paintball

Во Велика Британија се појави помалку необичен оглас за работа од компанијата UK Paintball, која бара лица врз кои ќе се тестираат куршумите во различни бои, што се глава карактеристика на препознатливата игра paintball, пишува британски Телеграф.

UK Paintball, што е застапена на над 60 локации низ Велика Британија, понуди годишна плата од 40.000 британски фунти (околу 51.200 евра), по што доби апликации од повеќе земји од светот, меѓу кои се Индија, САД, Канада и Хрватска.

“Неверојатниот одзив и огромниот интерес беа последното нешто што го очекувавме откако го поставивме огласот“, рече Џастин Тухиг.

Кандидатите во своите апликации наведувале најразлични вештини кои ги познаваат, со цел да ја докажат нивната издржливост на куршумите во различни бои.