Над 11.000 грчки компании се преселиле во Бугарија

50

bugarija i grcija

Поради економската криза, повеќе од 11.000 грчки компании го преселија сопствениот бизнис во Бугарија, а околу 60.000 граѓани на Грција отвориле банкарски сметки во таа земја, пишува Aljazeera Balkans.

“Во Бугарија даноците се пониски. Напредуваат и условите за постигнување поквалитетно производство, а во исто време и пазарот е голем. Тоа се добри услови за бизнис, бидејќи треба да се одговори на барањата за оние производи коишто им недостасуваат на бугарските потрошувачи“, вели Михаил Константинос, сопственик на пекара.

Тој веќе една година работи во Бугарија, вработува 15 лица и планира да отвори уште една пекара.

Потрошувачите во Бугарија сега имаат избор од производи и услуги од голем број фирми што доаѓаат од соседна Грција.

“Она што ги привлекува Грците се пониските трошоци за производство, потоа добрата перспектива за остварување заработка, ниските даноци и одличните луѓе. И друга работа којашто е важна за грчките фирми – во сите земји на овие простори,  Бугарија и Србија, постои недостиг од квалификувана работна сила. Поради тоа, грчките фирми коишто доаѓаат тука имаат посебна компаративна предност и голема смисла за развој на локалната економија“, вели Красен Станчев, директор на Инстутот за пазарна економија.