Македонија во текот на минатата година извезе кожни чевли во вредност од 11.324.000 долари, што е за 41,7% помалку одошто во 2019 година.
Во светот, извозот на кожни чевли се позиционираше на 48,1 милијарда долари или 11,4% помалку во однос на 2019 година.
Петте најголеми извозници (Кина, Виетнам, Италија, Германија и Белгија) покриваат 56,3% од вкупниот извоз на обувки на глобално ниво.
Кина има најголем удел и тоа од 15,4% и заработка од 7,4 милијарди долари. Потоа следат: Виетнам (7,3 милијарди долари), Италија (6,6 милијарди долари), Германија (3,3 милијарди долари) и Белгија (2,5 милијарди долари).
Од земјите во регионот, најголем извозник на кожни чевли лани беше Албанија со 276,7 милиони долари. По нејзе следат: Хрватска (185,3 милиони долари), Босна и Херцеговина (134,3 милиони долари), Србија (114 милиони долари), Словенија (86,5 милиони долари), Грција (45,5 милиони долари) и Бугарија (43,4 милиони долари).
Фото: Pexels