Над 13,5 милиони долари инкасирани од извоз на чоколадо

52

Македонија е 63-та земја во светски рамки по извоз на чоколадо, којшто минатата година достигна ниво од 13.546.000 долари или 0,6% помалку во споредба со 2019 година.

На глобално ниво, извозот на чоколадо во 2020 година беше 28,6 милијарди долари, што е за 3,6% помалку одошто една година претходно.

Петте најголеми извозници на чоколадо, според податоците на World’s top exports, се Германија, Белгија, Италија, Полска и Холандија покриваат околу 49% од глобалниот извоз.

Германија е извозник број еден на чоколадо во светот со 17% од вкупниот извоз и заработени 4,9 милијарди долари. По нејзе следат: Белгија (3,1 милијарда долари), Италија (2,1 милијарда долари), Полска (две милијарди долари) и Холандија (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извозник е Бугарија со 218,3 милиони долари, по што следат: Хрватска (177,8 милиони долари), Србија (61,5 милиони долари), Грција (47,8 милиони долари), Словенија (44,7 милиони долари), Босна и Херцеговина (13,8 милиони долари) и Црна Гора (2,3 милиони долари).

Фото: Pexels