Над 18 милиони патници: Еве колку километри „свртеле“ македонските таксисти

Во 2025 година со такси-превоз се превезени 18 449 000 патници, објави Државниот завод за статистика.

Со такси-превозот, во 2025 година се превезени 18 449 000 патници, од кои 16 964 000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1 485 000 патници.

Со 1 982 патнички автомобили се изминати вкупно 60 158 000 километри, од кои
53 418 000 во градскиот превоз, а 6 740 000 километри во меѓуградскиот превоз.

Такси-превоз на патници, 2025 година

  • Вкупно превезени патници: 18 449 000
  • Вкупно изминати километри: 60 158 000