Фото: Pixabay
Во САД годишно се фрлаат околу 32 милијарди килограми храна, којашто поради неправилниот облик или мали оштетувања, бидејќи не ги исполнуваат стандардите на рестораните и малопродажните ланци.
Од таа причина, Бен Симон и Бен Чеслер во 2015 година ја основаа компанијата Imperfect Produce, што продава токму таква храна. Двајцата другари инвестираа 20.000 долари од сопствена заштеда и 38.000 долари преку crowdfunding платформи, а денес имаат над 200.000 корисници во 22 американски градови, пишува CNN.
Imperfect Produce соработува со 250 производители од целиот свет, скоро половина од овошјето и зеленчукот е од органско производство, а се продаваат по цени пониски за 30%.
Купувачите преку интернет страницата може да изберат меѓу четири корпи чија цена се движи од 12 до 40 долари. Исто така, може да изберат исклучиво органска храна или мешавина, а имаат можност храната да ја добиваат на неделна основа.
Во понудата имаат 200 различни видови на овошје и зеленчук, како и 50 различни видови на производи како што се масло за јадење, зачини, тестенини, брашно и слично.