Над 200.000 лица ја напуштиле БиХ за 10 години

28

Повеќе од 200.000 лица ја напуштиле Босна и Херцеговина во последните 10 години, пренесува Indikator.ba.

“Многу е тешко да се води статистика за емиграцијата, но при изработка на студијата дојдовме до бројка од над 200.000 луѓе кои ја напуштија земјата во последните 10 години. Таа цифра треба да се земе со резерва, бидејќи не ги опфаќа оние кои се враќаат во БиХ, како и цикличните миграции“, вели Мелика Хусиќ Мехмедовиќ, од Економскиот факултет во Сараево.

Мотивите за емигрирање, како што се наведува, се различни, од економски за кои сите мислат дека се доминантни, до политички за кои се покажува дека се уште подоминантни.

БиХ веќе со години бележи загуба на популацијата по основ на морталитет, како и поради негативно миграциско салдо.

Фото: Pexels