Над 3,6 милијарди долари инвестирани во маркетинг преку инфлуенсери

36

Во САД компании во маркетинг преку инфлуенсери инвестирале 3,69 милијарди долари. Тоа ќе биде првпат во овој облик на рекламирање да бидат вложени над три милијарди долари во САД, што е за 33% повеќе во однос на минатата година.

Плаќањето на инфлуенсери за промоција на најразлични производи и услуги не е нешто ново, а во последните години се бележи сè поголема присутност во целиот свет. Оваа индустрија на социјалните мрежи минатата година сепак има помал напредок (за околу 14%) бидејќи компаниите под влијание од пандемијата ги намалуваа своите буџети за овој вид на промоција, анализира Business Inteligence.

За оваа година се очекува да биде искомпензирано и инфлуенсерите повторно добро ќе заработуваат од платени содржини што ги креираат за своите клиенти.

Следната година во САД за овој вид на маркетинг се очекува да бидат одвоени над четири милијарди долари, а за 2023-та дури пет милијарди долари.

Фото: Pexels