Над 32.400 домаќинства лани користеле социјална помош

18

Во текот на минатата година, 32.345 носители на домаќинства (број на домаќинства) беа корисници на социјална парична помош, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Лани вкупниот број на малолетни корисници на социјална заштита изнесуваше 16.262, додека вкупниот број на полнолетни корисници на социјална заштита изнесуваше 49.263.

Од вкупните права на социјална заштита кај малолетните корисници, најголемо учество имаа услугите на социјална работа кои изнесуваа 52,3%, додека од вкупните права на социјална заштита кај полнолетните корисници, најголемо учество имаа услугите за социјална заштита кои изнесуваа 87,4%.

Фото: Pexels