Над 40% од граѓаните на Црна Гора за вклучување „Отворен Балкан“

56

Речиси половина од граѓаните на Црна Гора не се или се многу малку информирани за „Отворениот Балкан“ – покажува истражувањето на Центарот за мониторинг и истражување (ЦЕМИ), пренесе црногорски „Вјести“.

„Додека речиси половина, 48 отсто од испитаниците, оценуваат дека воопшто не се информирани или дека се многу малку информирани, само пет отсто тврдат дека се целосно информирани, а само 16 отсто се донекаде информирани“, велат од невладината организација.

На прашањето дали Црна Гора треба да се приклучи на „Отворениот Балкан“, 41 отсто од испитаниците одговориле потврдно, 17,3 одговориле негативно, а 36,8 одговориле со „не знам“.

Од ЦеМИ посочуваат дека процентот на оние кои ја поддржуваат иницијативата е близок до оние кои не можат да одлучат – 37 проценти. Околу седум испитаници не сакаа да одговорат на прашањето.

„Интересно е што има значителна разлика во одговорите во однос на националноста на испитаниците, така што 53 отсто од Србите во примерокот ја поддржуваат иницијативата, 42 отсто Албанци, 37 отсто Црногорци, 19 отсто Бошњаци и 14 отсто Муслимани“, велат од невладината организација. Разликата, како што објаснија, е забележлива и во однос на религијата, па иницијативата ја поддржуваат 68 отсто католици, 44 отсто православни и 28 отсто граѓани од муслиманска вероисповед.

„Мнозинската поддршка за иницијативата ја даваат поддржувачите на ГП УРА, Демократскиот фронт (ДФ), Демократите и идните партии на поранешните министри за финансии и економски развој Милојко Спајиќ и Јаков Милатовиќ“, соопшти ЦЕМИ.