Над 40% од Русите сакаат да отворат свој бизнис по пензионирање

28

Над 40% од Русите би сакале да отворат свој бизнис откако ќе се пензионираат, покажуваат податоците од едно спроведено истражување, пренесува Tass.

“Околу половина од испитаниците (41%) сакаат да започнат сопствен бизнис откако ќе се пензионираат. Во исто време, половина од анкетираните (50%) на прашањето Зошто да отворите сопствен бизнис по пензионирање, дале одговор дека сакаат пристојни приходи, 23% од нив рекле дека сакаат да бидат ангажирани сè додека имаат сила и време, а 14% планираат бизнисот а им го остават на децата.

Она што е интересно е дека 88% од испитаниците не се претприемачи и немаат сопствен бизнис во моментот.

Истражувањето, исто така, покажува дека една четвртина од Русите сакаат да отворат мини хотели по пензионирање, 18% да отворат онлајн продавница, 15% се за свое кафуле или ресторан, додека 11% сакаат да отворат некаква работилница за поправки, 6% се одлучиле за испорака, 4% за салон за убавина или фитнес клуб.

Истражувањето беше спроведено минатиот месец меѓу 2.100 Руси од различни делови на земјата.

Фото: Pexels