Над 500 огласувачи престанале да се рекламираат на Твитер

19

Повеќе од 500 огласувачи на Твитер го прекинаа рекламирањето на мрежата откако Илон Маск ја презеде, објави американскиот медиум „Information“, цитирајќи лице запознаено со маркетинг операциите на Твитер.

Дневниот приход на Твитер на 17 јануари бил за 40 отсто помал во однос на истиот ден во 2022 година, објави Ројтерс.

Откако Маск го презеде Твитер минатиот октомври, корпоративните огласувачи си заминаа, како одговор на отпуштањата на илјадници вработени од Маск и брзањето да плати проверени сметки, што доведе до измамници кои имитираат компании на Твитер, наведува британската новинска агенција.