Над 54% од компаниите во земјава имаат интернет страница

58

Од вкупниот број на деловни субјекти, 54,5% имале интернет страница, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во однос на е-трговијата, 6,2% од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 5,5% од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.

Оваа година, 97,3% од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 91,6% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени.

Фото: Freepik